Commons:Слика на годината/2017
Слика на годината 2017 е дванаесетти годишен натпревар на слики кој има за цел да им оддаде признание на исклучителните придонеси на корисници на Ризницата.
Драги викимедијанци,
Конкурсот „Слика на годината 2017“ заврши и со задоволство ви го соопштуваме исходот:
Во двата круга гласавте за омилените податотеки.
- Во I круг се кандидирани 1260 слики.
- Во вториот круг, гласавте за 59 финалисти (севкупно најдобрите 30 и по 2 од секоја категорија од I круг )
Во вториот круг подобните корисници можат да галсаат за до 3 финалисти – секој од нив се брои рамноправно. Во првиот круг гласаа 2.446, а во вториот 3.832 учесници.
Им честитаме на победниците на конкурсот и им благодариме што направија вакви прекрасни слики, споделувајќи ги како слободна содржина:
- 610 лица го дадоа гласот за победничката слика — Perereca-macaco - Phyllomedusa rohdei.jpg.
- 601 лице го даде гласот за второнаградената слика — 01-พระที่นั่งคูหาคฤหาสน์.jpg.
- 486 лица го дадоа гласот за третонаградената слика — CG Heart.gif.
Воедно, искрено им благодариме на сите гласачи за нивното учество. Ве покануваме да го продолжите вашето учество споделувајќи ваши дела на Ризницата.
Ви благодариме,Комисија за „Слика на годината“
Прогласена „незаборавна“ слика на годината ВЕСТИ за Фондацијата Викимедија.
Досегашни победници
-
за 2016 г.
-
за 2015 г.
-
за 2014 г.
-
за 2013 г.
-
за 2012 г.
-
за 2011 г.
-
за 2010 г.
-
за 2009 г.
-
за 2008 г.
-
за 2007 г.
-
за 2006 г.