Ризница:Вики го сака фолклорот 2022

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2022 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2022 and have to be approved by a translation administrator.

Shortcut: COM:WLF22

  • Почетна страница
  • 2024
  • 2023
  • 2022
  • 2021
  • 2020
  • 2019


Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук {{{Threads}}} Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!
The results for Wiki Loves Folklore 2022 International competition have been declared. Please visit the Results page to see the winning media.
Вовед во „Вики го сака фолклорот“

Вики го сака фолклорот (на Мета: Wiki Loves Folklore) е меѓународен фотографски натпревар на Ризницата кој се приредува секоја година со цел документирање на народните култури во разни краишта во светот. „Вики го сака фолклорот 2022“ е продолжение на „Вики го сака фолклорот 2021“ чија тематика е народната култура. Овој проект влече корени од 2018 г., со приредувањето на „Вики ја сака љубовта 2019“ чија тема беа свечености и празници поврзани со љубовта.

Делокруг

Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но неограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, games, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија итн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.

Награди
  • I награда: $400 (американски) долари
  • II награда: $200 долари
  • III награда: $100 долари
  • 10 утешни награди: по $10 долари
  • Награда за најдобро видео и Награда за најдобра звучна снимка: по $25 долари
  • Награда за најплоден подигач на слики: I награда: $100 долари, II награда $50 долари
  • Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за најплодните 100 подигачи
  • Благодарници и разгледници за месните приредувачи

(Напомена: Наградите ќе се доделат во облик на вредносни картички или купони.)

Времеслед
  • 1 февруари – 15 март 2022 г.
  • Почнува: 1 февруари 2022 г. 00:01 ч. (UTC)
  • Завршува: 15 март 2022 г. 23:59 ч. (UTC)
  • Објавување на исходот: 25 јули 2022 г. на страницата Ризница:Вики го сака фолклорот 2022/Победници (Напомена: Објавата може да претрпи промени или да биде одложена поради пандемијата.)
Тематика

Фолклор
Поткатегории
Народна култура по земја, Народна уметност, Кинеско гатање, Народни танци, Европејада, Народни празници, Фолклор, Народни игри, Гавари, Народни ансамбли, Народни волшепства, Етнолошки музеи, Народна музика, Невелинг, Народна вера, Традиционална музика, Традиционални песни, Народно борење.

Победнички слики

Победници од 2020 и 2021 г.

Утешно наградени

Што да ни испраќате

Луѓе и народни активности

Народна кујна

Народни танци

Празници

Народна музика

Носии

Што не е прифатливо

Порнографски или непристојни слики, заштитени уметнички дела итн.

Победници

Ќе има 18 победнички слики, 1 победничко видео и 1 победничко аудио, како и 1 награда за најплодниот подигач.

Каде да поставам прашање?

Главно место за поставување прашања и давање предлози е разговорната страница (Пишете на било кој јазик; сакаме разнообразност и ќе ве услужиме во секој случај).

Уредувачки натпревар

Од 1 февруари 2022 до 31 март 2022 г. ќе се одржи и уредувачки натпревар насловен како „Феминизмот и фолклорот 2022“. Создавајте или проширувајте статии за феминизмот, биографии на жени и родови теми за проектот, премостувајќи го родовиот јаз со задршка на народната култура. Учествувајте сега на вашиот јазик.

Државни награди

Ако учествувате од Нигерија или било кој друг крај од светот, би сакал да ве известиме дека корисничката група „Јорупски викимедијанци“ доделува посебна награда, покрај меѓународните. Сè што треба да направите е да подигнете вашите слики служејќи се со оваа врска.

Да напоменеме дека вашите слики и понатаму ќе бидат во меѓународна конкуренција.